Пребарување
Македонски
ПРОИЗВОДИ
    Menu Close

    ЗА ФЕРПРОМ

    ФЕРПРОМ е компанија со седиште во Скопје, која е основана во 1999 година во Р.Македонија.
    Компанија се занимава со увоз на амбалажа од пластика, стиропор и алуминиум која се користи за пакување на храна и истата ја дистрибуира низ Македонија и околните држави.
    Со цел доближување до клиентите, ФЕРПРОМ располага со стручен тим кој помага на потрошувачите да ја одберат соодветната амбалажа, со што дополнително им го олеснува изборот на купувачите. Целта на компанијата е да го задржи и подобри водечкото место во Р.Македонија со рапидно зголемување на обемот и квалитетот на понудената амбалажа, за која цел ФЕРПРОМ располага со сопствени магацини од 2050 м2 и сопствени возила, обезбедувајќи на тој начин брза и навремена достава.
    Потврда за растот и развојот на ФЕРПРОМ е постојаното проширување на пласманот на производите не само вo зeмјата туку и надвор од Р.Македонија. Нашите клиенти се мали, средни и големи компаниии, јавни институции,индустриски и произвотсвени капацитети, продавници, магацини и др